20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeloitte: Разнишаната доверба на финансиските директори полека се стабилизира

Deloitte: Разнишаната доверба на финансиските директори полека се стабилизира

Неизвесноста во врска со пандемијата Ковид-19 и понатаму има силно влијание врз оптимизмот, односно загриженоста на финансиските директори од Централна Европа за годината која е пред нас, покажуваат најновите истражувања на ставовите на финансиските директори од Централна Европа која ги спроведе ревизорско-консултантската куќа Deloitte.

Овогодинешното истражување се спроведе од ноември до декември 2020 г., и го претставува мислењето на 590 финансиски директори од 17 централноевропски земји. И ова издание, како и претходното, изразува општ негативен, односно надолен тренд во однос на претходната година во врска со изгледите за иднината.

Оливера Андријашевиќ, партнер во Ревизија и лидер на CFO програмата на Deloitte, вели: „Како и во минатогодишното издание, гледаме како постојаната неизвесност околу пандемијата Ковид-19 продолжува да ги обликува начините на кои финансиските директори ја планираат претстојната година. Ова го увидовме од бројните одговори на анкетата спроведена меѓу финансиските директори. Намалувањето на трошоците и проширување со аквизиција се едни од клучните стратегии на кои финансиските директори ќе се фокусираат оваа година.“

Просечниот очекуван раст на БДП за 2021 г. изнесува само 0,25% во споредба со 2,0% во 2020 г. и 2,3% во 2019 г. Во Северна Македонија, 57% од финансиските директори предвидуваат раст на БДП помал од 0,5%, а само 14% над 3,5%.

Во целиот регион повеќето финансиски директори, поточно 62% очекуваат пораст на индексот на потрошувачките цени (во споредба со 83% во 2020 г., односно 82% во 2019 г.). Во Северна Македонија, 71% од финансиските директори предвидуваат раст на овој индекс, додека само 14% не очекуваат никаква промена на индексот.

Од 2018 г. забележуваме се повеќе финансиски директори кои очекуваат пораст на стапката на невработеност. И додека 36% од испитаниците очекувале стапката на невработеност да порасне во 2020 г. сега имаме скоро 70% од испитаниците, што јасно е дека е поврзано со пандемијата Ковид-19 и пазарот на трудот, која веќе се остварува. Финансиските директори во Црна Гора (45%), Албанија (38%), Србија (38%), додека 57% од испитаниците во Северна Македонија очекуваат пораст на стапката на невработеност.

Во Северна Македонија, само 14% од финансиските директори се оптимисти во однос на финансиските изгледи за оваа година. Дури 57% сметаат дека нема да има големи промени, а 29% се помалку оптимистични. Во еврозоната, дури 45% од испитаниците се оптимисти.

Исто така, 57% од финансиските директори во Северна Македонија сметаат дека годината која е пред нас не е вистинско време за преземање поголеми ризици, додека тој став во еврозоната е 79%. Најголем степен на аверзија имаат финансиските директори од Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Србија и Словенија.

Финансиските директори и понатаму го гледаат интерното финансирање (49%) и задолжувањето во банки (43%) како одржливи извори на финансирање на своите организации. Иако ниеден од понудените извори на финансирање не е оценет како „привлечен“ од страна на повеќето испитаници, важно е да се напомене дека ниеден од изворите на финансирање кои се оценети како „непривлечни “ не го одбраа повеќе од 30% од испитаниците. Должничките инструменти (47%) и инструментите на капиталот (53%) добија најголем процент на „неутрални“ одговори.

Дознајте повеќе за предвидувањата на финансиските директори од регионот и преземете го извештајот овде– CE CFO Survey 2021.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП