Податоци за тоа какви се точните разлики помеѓу вакцините против КОВИД-19 и колку е ефикасна секоја вакцина и под кои услови, се пишуваше секој ден во последните месеци. Но, во еден куп податоци и споредби, тешко е да се процени точно која вакцина е најефикасна.
Инфектиолог од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, Моника Ганди на својот профил на Твитер објави табела во која се споредуваат податоците за шесте најпознати вакцини против КОВИД-19. Како што призна и самата, потрошила многу време за да ја направи таа табела.

