27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Волстрит журнал“: Дежаву во спасувачката програма за Грција

„Волстрит журнал“: Дежаву во спасувачката програма за Грција

wall1

„Повторување на една замрсена историја“ е коментарот на американскиот весник „Волстрит журнал“ за прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд во врска со економскиот раст на Грција.

Весникот нагласува дека главна причина, поради која Фондот упеал да ја одржи „надежната спасувачка програма за земјата е лансирањето на прекумерно оптимистички сценарија“.

ММФ со прогнозата дека Грција следната година, по пет години сериозен пад ќе забележи економски раст даде зелено светло за одобрување на следната транша од спасувачкиот план за земјата,

– За некои тоа сепак е дежа ву, повторување на замрсената историја на грчкиот спас, се наведува во анализата на весникот во врска со извештајот на ММФ  за Грција, врз основа на кој земјата ја доби следната транша од меѓународната финансиска помош.

ММФ призна дека првичната програма за спас на Грција од 2010 година била како операција за задржување на процесот, кој и овозможи на еврозоната да се мобилизира против економската катастрофа.

– Сега позитивните прогнози на ММФ ќе одземат неколку месеци за политиките на еврозоната, отварајќи го патот за итна адаптација на грчкиот долг, пишува весникот.

„Волстрит журнал“ смета дека прогнозите на ММФ за Грција се надвор од целите. – Во март на пример ММФ оцени дека Грција ќе излезе од рецесија. Реалноста сепак е дека земјата се наоѓа во петта по ред година на рецесија, која теоретски ќе трае уште две години, додава весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП