И покрај сè, годината зад нас беше успешна за производителите на електрични автомобили.
Иако во 2020 година скоро сите производители на автомобили забележаа пад во испораките, продажбата на електрични возила се зголеми.
Вкупно се продадени 2.141.311 автомобили ширум светот, кои користат само електромотори за погон.
Од нив, првите пет групации / компании на списокот сочинуваат скоро 60% од вкупната продажба или 1.274.508 возила.
Најмногу електрични автомобили во 2020 година продаде Тесла, 499.535 единици (удел од 23% на глобалниот пазар на електрични возила).
Следува кинескиот концерн SAIC, кој минатата година на клиентите им испорача вкупно 243.201 автомобили со електричен погон (11% удел).
На трето место е групацијата Фолксваген (227.394), четврти се алијансата Рено-Нисан-Митсубиши (172.673), а петто е друг кинески производител, BYD (131.705).