18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера на „Nissan Pathfinder“ за 2021-ва година (ФОТО/ВИДЕО)

Светска премиера на „Nissan Pathfinder“ за 2021-ва година (ФОТО/ВИДЕО)

„Nissan“ ја претстави петтата генерација на својот голем „SUV“.

При дизајнирање на новиот „Pathfinder“, „Nissan“ ја искористи првата генерација на ова возило како инспирација, пред се неговиот робустен, „коцкаст“ изглед.

Резултатот е дека „Pathfinder“ за 2021-ва година изгледа помасивно и помоќно во споредба со моделот во заминување и неговиот „млак“ дизајн.

Покрај тоа, на клиентите им се достапни нови менувачи и најсовремени електронски системи.

За погонот е употребен 3,5-литарски V6 мотор кој произведува 288 Ks (212 kW) и 351 Nm. Станува збор за мотор што го користел неговиот претходник, но значајна новина е воведувањето на нов, 9-степен автоматски менувач.

Овој менувач доаѓа наместо стариот „CVT“ менувач, а од „Nissan“ тврдат дека „Pathfinder“ е поекономичен благодарение на него.

Новата генерација на познатиот теренец треба да го оправда своето име и наследство благодарение на дури седум предодредени режими на возење („Standard“, „Sport“, „Eco“, „Snow“, „Sand“, „Mud/rut“ и „Tow“).

Сепак, „Nissan“ тврди дека „теренските“ карактеристики не биле главен приоритет за неговите инженери при дизајнирање на моделот 2021-ва година.

Од друга страна, фокусот беше ставен на пространа и удобна патничка кабина која може да собере до 8 патници во три реда седишта.

Покрај тоа, новиот „Pathfinder“ има завидни влечни можности, бидејќи може да влече приколка со тежина до 2.700 килограми.

Клиентите можат да изберат од различни дизајни и материјали за покривање на седиштата – од обичен текстил до квалитетна кожа.

Контролната табла е скоро целосно дигитализирана. Во централната конзола доминира 9-инчен екран на мултимедијалниот систем, додека пред возачот е 12,3-инчна дигитална табла со инструменти.

„Nissan“ се пофали дека ја подобрува и звучната изолација на патничката кабина благодарение на подебелото ламинирано стакло.

Почетокот на продажбата на американскиот пазар е закажан за летото 2021-ва година, до кога ќе бидат познати цените.

Сепак, не треба да се очекува новиот „Pathfinder“ да биде значително поскап од неговиот претходник, кој чини од 31.980 долари во верзијата „2WD“ или од 44.910 долари во варијантата „Platinum“ со погон на сите тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП