18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако „LVHM“ планира да ја промени „Tiffany“

Како „LVHM“ планира да ја промени „Tiffany“

Француската компанија за луксузни производи „LVMH“ планира да ја смени огромната линија на производи на „Tiffany“ за да се фокусира повеќе на злато и скапоцени камења и да ги однесе нејзините сребрени нараквици на повисоко ниво откако овој месец ја финализираше аквизицијата на американската компанија за накит вредна 15,8 милијарди долари овој месец.

Шест извори, вклучително и двајца инсајдери за активностите на „Tiffany“, за „Reuters“ изјавија дека сопственикот „Louis Vuitton“ веројатно ќе го смени изгледот на златарниците на компанијата и ќе го зајакне нејзиното присуство во Европа и Азија.

Повеќе од една третина од 320 продавници на „Tiffany“ се наоѓаат во САД, а два извори ги опишуваат повеќето од нив како старомодни, грди и имаат потреба од преуредување.

„„LVMH“ може да и даде на „Tiffany“ време и пари, потребно е да се направи големи инвестиции во палетата производи и продавници ширум светот и да чека да им се исплатат на среден рок“, вели еден извор.

На состанокот во голема сала во Њујорк со 14.000 вработени во „Tiffany“ на 8-ми јануари, еден ден откако „LVMH“ го воспостави новото раководство, новите шефови на групата ги истакнаа првичните планови да се фокусираат на луксузен гламурозен накит, откри изворот кој бил на настанот. Групата, исто така, размислува да создаде линија на часовници на „Tiffany“, додава друг извор запознат со плановите.

За разлика од конкурентите како што се „Cartier“, сопственост на „Richemont“, и „Van Cleef & Arpels“, како и брендот на „LVHM“ – „Bulgari“, производите на „Tiffany“ се движат од сребрени обетки од 150 долари до дијамантски ѓердани за десетици милиони долари.

Сребрениот накит има бруто маржа од околу 90% и е совршена влезна точка за помладите, помалку богати купувачи, но и на врвните имиња во индустријата им треба опсег во средниот и високиот сегмент со цена од над 100.000 долари за создавање аура на ексклузивност, велат експертите.

Во видео порака до вработените, шефот на „LVHM“, Бернард Арно, кој е и најбогатиот Французин, рече дека сака да ја подигне позицијата на „Tiffany“, дури и да биде потребно време.

„Покрај тоа, ние ќе и дадеме приоритет на долгорочната привлечност на „Tiffany“ во однос на краткорочните ограничувања“, рече Арно, според лицето присутно на состанокот.

Најголемата група на луксузни стоки во светот, „LVHM“, беше потресена од пандемија на коронавирусот, а нејзината продажба во аеродромските продавници пропадна, но нејзините најголеми брендови останаа во живот.

Арно е познат по тоа што неочекувано се појави во продавниците, вклучително и во продавницата на „Tiffany“ во Сеул, откако договорот беше објавен кон крајот на 2019-та година, кога тој истакна празнини како производ за чистење оставен на тезгата и розова белешка со натпис „Нема залиха“, што беше ставен на производ, според познати извори.

„LVMH“ треба да ги објави своите резултати во 2020-ма година во текот на оваа недела.

„Tiffany“ поврати дел од својата позиција преку продажба преку Интернет и го зајакна своето присуство во Кина во последниот квартал. Накитот воопшто, еден од најбрзо растечките сектори на луксузни производи во последниве години, се спротивстави подобро од другите сектори за време на пандемијата.

„Tiffany“ има помала изложеност од своите конкуренти во азиско-пацифичкиот регион, што е главен двигател на продажбата на луксузни производи. Регионот сочинува 28% од приходите од продажба од 4,4 милијарди долари во 2019-та година. Уделот на Европа е 11%.

„LVMH“ ќе ги разгледа перформансите на продавниците и локациите и може да го искористи своето влијание за да постигне подобри закуп или да најде подобри објекти ослободени од други брендови во групата.

„Tiffany“ со седиште во Њујорк, основана во 1837-ма година, стана светски позната со филмот „Појадок во Тифани“ во 1961-ва година, во кој глуми Одри Хепберн, но новите маркетинг напори може да му помогнат на брендот.

Александар Арно, едно од четирите деца на Арно со функции во „LVHM“ и сега извршен потпретседател на „Tiffany“ за производи и комуникации, рече на состанокот во Њујорк дека ќе се фокусира на рекламни кампањи и привлекување на млади клиенти.

Младиот Арно ќе работи со новиот извршен директор Ентони Ледру, кој управуваше со глобалниот бизнис на „Vuitton“, но исто така е познат по управувањето со својата палета на луксузни накити, а претходно имаше високи позиции во „Tiffany“ и „Cartier“.

Тој го наследи Алесандро Болиоло, кој веќе го надгледуваше повеќегодишното реновирање на водечката продавница на „Tiffany“ на „Петтата авенија“ во Њујорк и купувањето 80-каратен овален дијамант кој украси ѓердан, кој подоцна стана најскапиот накит на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП