29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот од Британија во ЕУ е намален за скоро 70%

Извозот од Британија во ЕУ е намален за скоро 70%

Извозот од Велика Британија во ЕУ се намали за 68% во јануари на годишно ниво, според превозниците цитирани од „Reuters“. Оваа информација не е официјално потврдена од владата, која тврди дека напуштањето на ЕУ има минимално влијание.

„Благодарение на прелиминарната работа на превозниците и трговците, проблемите со границата досега беа минимални и товарниот транспорт е близу до нормалното ниво, и покрај пандемијата со Ковид-19“, се вели во соопштението на властите.

Но, компаниите се жалат дека мораат да пополнуваат нови даночни пријави и здравствени потврди, а покрај тоа, пандемијата на коронавирусот, исто така, има негативно влијание врз бизнисот.

Ова придонесува за пад на извозот за 68 проценти на годишно ниво, според Здружението на патнички превозници (RHA) во Велика Британија и сака владата да им компензира за загубите, додава „Financial Times“.

Организацијата исто така се жали дека не се исполнети сите ветувања дадени од властите во врска со „Брегзит“. На пример, плановите на владата беа да ангажира 50.000 царински службеници за да им помагаат на бизнисите со новите правила откако Велика Британија ја напушти заедницата. Но, во моментов се вработени само 10.000 цариници.

Превозниците и трговците исто така повикуваат на олеснување на режимот на границата со Северна Ирска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП