18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

news1

Белград – Странските банки во првиот квартал од оваа година го забрзаа повлекувањето на капитал од централна и источна Европа, покажа најновиот извештај на ЕБРД. Банките кои поднесуваат извештаи до Банката за меѓународни порамнувања, во тој период ги намалиле своите резерви во европските земји во развој, без Русија и Турција, во висина од 0,7 отсто од БДП. Тоа е повеќе од последното тримесечие во 2012 година, кога нивните средства во овие земји беа намалени за 0,2 отсто, наведе ЕБРД.

Белград – Во следните денови ќе биде познато дали Обединетите Арапски Емирари ќе градат фабрика за чипови во близина на белградскиот аеродром. Инвестицијата вредна околу 4 милијарди долари ќе зависи од проценката на Калдуна Калиф ал Мубарак, генерален директор на компанијата „Мубадала“ и советник за стратешки прашања на принцот Мухамед ал Заједа, како и од извештаите од тимовите кои доаѓаа претходните месеци во Србија. Директорот на српската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), Божидар Лаганин вели дека во тек е прединвестициона фаза за собирање на информации за проектот за изградба на фабриката за чипови и дека СИЕПА помага во таа дејност, која технолошки е исклучително скапа.

Белград – „БК Груп“ на Владата на Ирак и претстави проект за изградба на мега комплекс „Багдад ворлд“, чија вредност би изнесувала дури 12 милијарди долари. Според соопштението на „БК Груп“, проектот во Ирак е конципиран по принципот град во град, ќе се простира на површина од 5,7 милиони квадратни метри и на Србија ќе и донесе 12 милијарди долари. На состанокот со делегацијата на „БК Груп“, предводена од Драгомир Кариќ со високи ирачки владини претставници, утврдени се насоките за идна координација на заедничките стручни тимови за реализацијата на изградбата на мега комплексот „Багдад ворлд“.

Загреб – Трговскиот ланец на Ивица Тодориќ „Конзум“, во првите шест месеци од оваа година оствари профит од 5,23 милиони евра, што е за осум отсто повеќе во однос на истиот период лани. „Конзум“ во првата половина од оваа година имаше приходи од 830 милиони евра, што е нешто помалку од истиот период во 2012 година. Приходите од продажбата на „Конзум“ се зголемени на 750 милиони евра, а трошоците за персоналот се намалени за околу пет милиони и изнесуваат 53,99 милиони евра.

Загреб – „Атлантик Груп“ во првата половина од оваа година оствари нето добивка од 15,54 милиони евра што е осумпати повеќе од истиот лански период, покажуваат објавените консолидирани неревидирани податоци на компанијата. Вкупните приходи достигнаа 330,4 милиони евра, што е за четири отсто повеќе од истиот период лани. Во исто време, вкупните трошоци се намалени за околу еден отсто на 311 милион евра. „Атлантик Груп“ во првото полугодие оствари приход од продажбата во износ од 322,5 милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 3,3 отсто.

Љубљана – Вчера истече рокот за докапитализација на третата најголема словенечка банка „Абанка“. По два неуспешни обиди за докапитализација, Банката на Словенија на „Абанка“ и постави рок до 31 јули да обебзеди докапитализација во висина од најмалку 90 милиони евра, што најверојатно не е направено. „Абанка“ соопшти дека процесот на докапитализација е во тек и дека сите релевантни информации навремено ќе бидат објавени на страницата на Љубљанска берза. Неофицијално се дознава, дека рокот за докапитализација ќе биде продолжен се додека не се утврди колкави се побарувања и колку би чинело пренесувањето на „Абанка“ под контрола на Друштвото за управување со лоши побарувања, што нема да се случи пред октомври. Инаку, во текот на мај обемот на лоши побарувања во словенечкиот банкарски систем се зголеми на рекорден износ од околу половина милијарда евра.

Москва – Руските златни резерви растат веќе девет месеци по ред. Според јунскиот извештјана ММФ, Москва на постоечките 995,4 тони златни резерви додала уште 0,3 тони. И централноазиските соседи на Русија, ги зголемија своите златни резерви во текот на минатиот месец. Казахстан за 1,4 тони на 130,9 тони, Азербејџан за 2 тона на 8 тони злато и Киргистан за 0,1 тон на 3,3 тони злато. Украина, Грција, Белорусија и Бугарија исто така ги зголемија своите златни резерви, покажува извештајот од ММФ. Златото има се поголема улога во заштитата на валутите од курсните разлики од почетокот на финансиската криза во 2008 година, а пазарите во развој покажуваат се поголем интерес за зголемување на своите златни резерви.

Далас – Финансиската криза што го погоди светот во период од 2007 до 2009 година, „изеде“ цела една економска година во САД, односно 14 билиони долари. Економисти од отсекот на Федералните резерви во Далас, ја утврдиле оваа сума, која изнесува речиси цел американски годишен БДП, врз основа на она што претставува директна загуба, но и врз основа на штетата која во кризата му е нанесена на идниот економски раст. Овој тим на економисти наведе и дека новите правила и законските уредби воведени во текот на кризата, дополнително ќе ја успорат американската економија, но и дека веројатно на некој начин ќе ја заштитат и спречат повторно да „испарат“ 14 билиони долари.

Вашингтон – Ако имате на располагање милиони и слободно можете да ги инвестирате тие пари, тоа не значи дека сте богат, барем така мислат оние кои имаат милиони. Инвестициската компанија УБС во интересно истражување под името „Што значи да си богат?“, откри дека само 28 отсто од луѓето кои имаат имот вреден од еден до 5 милиони долари, сметаат дека припаѓаат во елитното друштво на богатите. – И нас не изненади што луѓето кои имаат повеќе од милион долари сметаат дека не се богати. Мислиме дека тоа укажува на драстичната промена на свеста. Луѓето се свесни дека треба значителна сума на пари за да имате чувство на поседување на големи пари и слобода од какви било финансиски стеги, вели Емили Пачута од УБС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП