25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција забранет влез до 22 февруари

Во Грција забранет влез до 22 февруари

Властите во Грција одлучија да ги продолжат мерките што важат за влез на странски државјани во таа земја до 22 февруари, пренесуваат грчките медиуми.

Мерките во Грција се засилени, а воведен е полициски час од 18 до 6 часот наутро.

Претходно денеска, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција најави ново продолжување на ограничувањата на домашните летови до 15 февруари и меѓународните летови до 22 февруари.

Што се однесува до домашните летови, дозволено е само неопходно патување на сите аеродроми во земјата, што вклучува патувања од здравствени причини, за деловни цели, од објективни семејни причини (обединување на семејството) и враќање на луѓето кои имаат постојан престој, објави грчката новинска агенција АНА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП