28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Маврово избрани три балкански „зелени“ идеи

Во Маврово избрани три балкански „зелени“ идеи

idei

Натпреварот Филантропија преку зелени идеи во организација на Фондацијата на браќата Рокфелер (САД), има цел да ја стимулира и поттикне иновацијата на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во ангажирање на заедниците, со цел да генерира бизнис идеи кои ги користат локалните ресурси и ги ревитализираат традиционалните начини на производство и пазарите во заедницата.

Победници на Филантропија преку зелени идеи за 2013 година се:

• 1-во место “Соларна сушара за овошје и зеленчук” Аница Симовиќ, Србија

• 2-ро место “Мебел и рециклирани предмети” Пезана Реџа, Албанија

• 3-то место “Подвижна продавничка на соларна енергија- Сончев мраз” Јосип Грабаревич, Србија

„Пред државниот натпревар во Србија ова беше само идеја, но сега, благодарение на Фондацијата на браќата Рокфелер, идејата која ја развивав многу години, конечно ќе се оствари. Силно верувам дека овој проект ќе биде полезен, не само за мене и моето семејство, туку и за целата локална заедница во Рашка”, рече Аница Симовиќ.

Овој настан е проект на Фондацијата на браќата Рокфелер кој се спроведува во партнерство со локалните фондации кои ги претставуваат петте земји од регионот: Центарот за институционален развој (ЦИРа) од Македонија, Траг Фондацијата (порано Балкански фонд за локални иницијативи) од Србија, Форумот за граѓански иницијативи (ФГИ) од Косово, Фондот за активно граѓанство (fAKT) од Црна Гора и Партнери Албанија од Албанија.

Овие фондации беа одговорни за администрацијата на националните натпревари. Секоја локална организација преку натпреварите на национално ниво избра и номинираше три мали бизнис идеи кои промовираат зелена економија. Бизнис идеите беа презентирани на натрпеварот во Маврово пред независно меѓународно жири.

На тројцата е победници ќе им бидат доделени 10 илјади долари за да ги реализираат своите планови.

Македонскиот тим успешно се претстави со зелени идеи за „Употреба на неискористената волна и кожа од овците за креирање на традиционални кожени чанти (јанџик) и разни сувенири (Асоцијација на одгледувачи на овци од Западна Македонија), претставена од Љуљзим Фејзулаи, производство и продажба на садници и одгледување на брзорастечко дрво „павловнија – дрво на иднината”, бели дробови на градот и срце на македонското село претставена од Борис Чавковски и зелената идеја за засадување на автохтони билки на овошни насади во Источна Македонија, организација „Слоуфуд Осогово”, претставена од Светлана Станојевска.

„Додека економиите на земјите во регионот се обидуваат да го најдат своето место во глобалната економија и додека глобалната економија ‘се дрма’ луѓето сфаќаат дека, по сé, централизираните системи може и да не се најдоброто решение. Затоа, сите ние треба да трагаме по нови форми на организирање и вклучување на локалните заедници со што, последователно на тоа, бенефит би имале повеќе луѓе, отколку да сведочиме како профитот и капиталот се концентрираат во рацете на малкумина”, изјави Хаки Абази, програмски директор на програмата на Западен Балкан на Фондацијата на браќата Рокфелер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП