Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност.
Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно југозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Минималната температура ќе се
спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.