„PayPal“ ги објави резултатите за четвртиот квартал, како и за цела 2020-та година, кои се подобри од очекуваните. Претходната година беше рекордна за оваа компанија, која го оствари досега најголемиот обем на плаќања, како и најголемиот профит.
Овој финансиски извештај беше исто така можност да се обезбедат дополнителни информации за неодамнешната одлука за прифаќање на крипто-валути. По обезбедувањето лиценци во октомври од страна на „New York State Department of Financial Servides“ (NYDFS), што им овозможува на корисниците од САД да купуваат, чуваат и продаваат криптовалути преку нивната платформа „Venmo“, со што „PayPal“ официјално влезе на пазарот на криптовалути. Извршниот директор на компанијата, Дан Шулман, изјави дека „PayPal“ има сериозни намери и дефиниран патоказ поврзан со дигиталните валути и блокчејн технологиите. Поради тоа, тие вложија сериозни финансиски средства во поделбата што се занимава со овие работи.

