24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку изнесува минималецот во ЕУ? Најмал во Бугарија, најголем во Луксембург (ИНФОГРАФИК)

Колку изнесува минималецот во ЕУ? Најмал во Бугарија, најголем во Луксембург (ИНФОГРАФИК)

Минималната месечна плата во земјите од Европската унија се движи од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург, според Европската агенција за статистика (Евростат).

Според податоците на Евростат, во јануари 2021-ва година, минималната плата во десетте земји-членки на ЕУ каде била под 700 евра, сите се во земјите од Централна и Источна Европа.

По Бугарија (332 евра), најниски минимали плати се забележани во Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).

Во петте земји, кои се претежно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) и Шпанија (1.108).

Највисок минимум во ЕУ добиваат граѓаните на земјите од западот и северот на Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.685), Ирска (1.724) и Луксембург (2.202).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП