29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на мало во јули повисоки за 2,5 отсто

Цените на мало во јули повисоки за 2,5 отсто

supermarket

Цените на мало во јули годинава бележат намалување во однос на претходниот месец, а зголемување во однос на јули минатата година. И кај трошоците на живот има намалување во однос на претходниот месец, a пораст во однос на јули лани.

Според објавените статистички податоци, цените на мало во јули биле пониски од претходниот месец за 0,8 проценти, а  трошоците на живот за 1,1 процент. Во однос на јули лани, пак, цените на мало се повисоки за 2,5 проценти, а трошоците на живот за 4 проценти.

Намалувањето на трошоците на животот од 1,1 отсто во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на зеленчукот за 20,2 отсто, овошјето за 2,4 отсто, преработките од млеко за 0,6 отсто, мастите за 0,5 отсто и месото и рибата за 0,3 отсто.

Во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај електричната енергија за домаќинствата за 4,5 отсто, авионскиот превоз на патници за 4 проценти и обувките за 0,4 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2013 година, во споредба со претходниот месец, има кај алкохолните пијалаци за 7,7 отсто, свежото и киселото млеко за 1,8 отсто, јајцата за 0,8 отсто и преработките од риба за 0,4 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај течните горива и гасот за домаќинствата за 2,1 отсто, лековите за 0,9 отсто, пијалаците во рестораните и хотелите за 0,7 отсто, нафтените деривати за 0,6 отсто, туристичките аранжмани за 0,5 отсто, конфекцијата за домаќинствата, електричните апарати за домаќинствата и средствата за хигиена за 0,4 отсто, сообраќајните средства и трошоците за одржување на автомобилите за 0,3 отсто и садовите и приборот за домаќинствата за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП