20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „DS4“ тргнува во потера по германските ривали (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот „DS4“ тргнува во потера по германските ривали (ФОТО/ВИДЕО)

Францускиот производител „DS Automobiles“ го претстави својот адут во класата на премиум компактни модели.

„DS Automobiles“, која е дел од концернот „PSA“, а неодамна и авто гигантот „Stellantis“, на кој настана со спојувањето на француската автомобилска групација со „FCA“, лансираше целосно нова генерација на моделот „DS4“.

Компактениот хечбек порасна и сега изгледа многу помодерно од неговиот претходник и ќе биде сериозен конкурент на модели како што се „Audi A3“, „Mercedes A Сlasѕ“ и „BMW Serieѕ 1“.

Новиот „DS4“ е поставен на механичката платформа „EMP2“ и претставува голем чекор напред од неговиот претходник.

Дизајнот е базиран на концептот „Aero Sport Lounge“ од февруари 2020-та година, а внатрешноста недвосмислено покажува дека станува збор за возило од премиум категорија.

Моторот се состои од бензински и дизел опции, а исто така ќе се нуди и „plug-in“ хибрид.

„DS“ особено ја издвојува хибридната верзија која го означува „DS 4 E-Tense“. Основата на погонскиот систем е 1,6-литарски бензински мотор со 180 ks, а на тоа му помага електричен мотор од 110 ks.

Вкупната комбинирана моќност на хибридниот погон е 225 ks, а електричната енергија се складира во литиум-јонска батерија со капацитет од 12,4 kWh.

Ова е доволно за автомобилот да помине до 50 km во чист електричен режим, мерено според стандардот „WLTP“.

Покрај хибридната верзија, на клиентите ќе им бидат достапни и бензинските „PureTech“ со 130, 180 и 225 ks, како и дизелот „BlueHDi“ со 130 ks.

Сите мотори се поврзани со 8-степен автоматски менувач.

Следејќи го примерот на некои други премиум производители, „DS“ понуди и поцврста верзија со ознака „DS4 Cross“.

Иако има стилски елементи карактеристични за кросоверите, „DS4 Cross“ нема зголемено растојание од земјата во споредба со обичниот модел, па неговата „теренска“ употребливост е доведена во прашање.

Новиот „DS4“ ќе пристигне во продажните салони во есента 2021-ва година, а цената, од која во голема мера ќе зависи успехот на пазарот, ќе биде објавена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП