20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработувањето во САД малку оживеа во јануари

Вработувањето во САД малку оживеа во јануари

Американските работодавци создадоа нешто помалку од 50.000 работни места во јануари, по бранот затворања кон крајот на 2020-та година, како одраз на континуираното влијание на пандемијата со коронавирусот.

„Во САД, 49.000 работни места беа отворени во јануари“, објави Министерството за труд.

Тие ги ревидираа и податоците за декември 2020-та година, кои сега покажуваат нето затворени 227.000 работни места. Првичните проценки на Министерството покажуваат пад на бројот на вработени за 140.000 лица.

Стапката на невработеност падна на 6,3 проценти од 6,7 проценти во декември, соопшти Министерството.

Бројот на вработени во САД падна во декември, првпат од април, поради повторното воведување на строги мерки што сериозно го погодија бизнисот на услужните компании, како што се рестораните и баровите, потсетува „Reuters“.

На почетокот на 2021-ва година, бројот на вработени во секторот професионални и деловни услуги и во јавниот и приватниот сектор за образование значително се зголеми, но во голема мера беше откажан од загубите на работните места во туризмот и угостителството, малопродажбата, здравствената заштита, транспортот и логистиката.

Просечната плата за час се зголеми за шест центи во јануари, на 29,96 долари. Во приватниот сектор за работниците во производството и оние кои не биле на раководните работни места, тој беше практично непроменет и изнесуваше 25,18 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП