27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 314 заразени со Ковид-19, починаа осум лица

Нови 314 заразени со Ковид-19, починаа осум лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.161 тестирање, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид-19.

Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1

Регистрирани се 210 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2, Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица.

Починати се по 2 пациенти од Куманово (73 и 81) и од Охрид (55 и 85) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80), Велес (54), Струмица (80) и Берово (84).
Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2.161 теста се преку: ИЈЗ – 409, ЦЈЗ Скопје – 60, „Авицена“ – 253, „Биотек“ – 217, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 137, „Систина“ – 160, лабораторија „Лаор“ – 119, МАНУ – 90, Судска медицина – 6, ЦЈЗ Битола – 91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 7, ГАК – 0, „Синлаб“ – 39, „Ремедика“ – 9, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 561, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.

Досега во земјата се направени вкупно 466.118 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП