28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРезултатите од вакцинацијата во Израел покажуваат излез од пандемијата

Резултатите од вакцинацијата во Израел покажуваат излез од пандемијата

Израел покажа дека силната, брза програма за вакцинација против коронавирус може да има брзо и моќно влијание во скротување на вирусот, покажувајќи му на светот веродостоен излез од пандемијата, објави „ Њујорк тајмс“.

Случаите на Ковид-19 и хоспитализациите значително опаднале кај луѓето кои биле вакцинирани за само неколку недели, покажале новите студии во Израел. И раните податоци сугерираат дека вакцините работат во практика скоро исто како и во клиничките испитувања.

Но, додека светот се натпреварува да го заузда вирусот пред да се шират поопасните мутации, огромниот недостиг на вакцини може да спречи други земји да го реплицираат успехот на Израел или да спречат да се појават нови варијанти.

Па дури и Израел, кој ги надмина сите други нации во вакцинирање на своето население, е далеку од излез од кризата. Земјата во четвртокот по третпат го продолжи карантинот на целата територија.

Сепак, истражувачите имаат надеж дека вакцинацијата ќе успее брзо да ги намали случаите на коронавирус меѓу Израелците кои добија вакцина.

„Сметам дека ова се прилично убедливи докази кои ги потврдуваат ефектите од вакцинацијата на ниво на една држава“, вели Вилијам Ханаџ, епидемиолог од Факултетот за јавно здравје Чан, при Универзитетот Харвард, кој не бил вклучен во израелската студија.

Новото израелско истражување ги анализира националните здравствени статистички податоци за луѓе над 60 години и постари, кои ја примиле вакцината на „Фајзер/Биотек“.

Анализирајќи ги податоците од шестнеделната вакцинација, период во кој мнозинството од луѓето на таа возраст биле вакцинирани, истражувачите откриле дека бројот на нови случаи на Ковид-19 опаднал за 41 процент во споредба со три недели претходно.

Во таа група, исто така, имало и пад на хоспитализациите од 31 отсто и пад од 24 отсто на оние со потешка клиничка слика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП