1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота брка нов рекорд во 2013-та година

Тојота брка нов рекорд во 2013-та година

tojota

Тојота би  можела да стане првата автомобилска компанија која во една година произвела повеќе од 10 милиони моторни возила.

Оваа цел би можела да биде достигната веќе во текот на 2013-та година, благодарејќи на ослабениот јен и зголемената побарувачка за возила со хибриден погон во Јапонија.

Од вкупниот број или 3.3 милиони единици ќе бидат изработени во домашните фабрики на оваа јапонска компанија.

Достигнувањето на магичниот број од 10 милиони автомобили нема да претставува големо изненадување за оние кои ги следат случувањата во авто-индустријата, со оглед дека Тојота беше близу до таа цел во 2012-та година, но застана на 9.9 милиони  произведени возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП