2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар успешно помина низ првата проценка за напредокот на земјата

Кипар успешно помина низ првата проценка за напредокот на земјата

kipar6

Кипар успешно помина низ првата проценка за напредокот на земјата во спроведувањето на условите од меѓународниот пакет помош, изјави кипарскиот министер за финансии Харис Јоргијадес.

Јоргијадес порача дека претставниците од преостанатите земји на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја завршиле својата прва ревизија и дошле до заклучок дека Кипар ги исполнува условите од пакетот помош.

Според зборовите на Јоргијадес, земјата е фокусирана на реконструкција на јавните финансии, банкарскиот сектор е на пат кон стабилизација, а земјата останува посветена на исполнувањето на договорените услови.

Кипар во март договори пакет помош од 23 милијарди евра, поради кој големите штедачи во двете најголеми кипарски банки претрпеа големи загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП