25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИ„Sberbank“ е прогласена за најсилен банкарски бренд во светот

„Sberbank“ е прогласена за најсилен банкарски бренд во светот

Благодарение на постојаните иновации, развојот на услугите и грижата за задоволството на своите клиенти, Sberbank е прогласена за најсилен банкарски бренд уште една година по ред, но и за трет најјак бренд во светот, засновано на најновото истражување на меѓународната агенција за проценка на брендови „Brand Finance“.

Клучот за успехот и причината зошто Sberbank ги освои овие две престижни титули и овој пат е пред се фактот дека оваа банкарска групација го продолжи својот стабилен бизнис и постојаните инвестиции во задоволството на своите клиенти и партнери. Sberbank дополнително го подобри својот имиџ со неодамнешното ребрендирање, како и силното ширење на својот бизнис.

Според истражувачите на агенцијата „Brand Finance“, Sberbank постојано ги надминува своите конкуренти, особено кога станува збор за признавање и углед на брендот Sberbank, но и кога станува збор за иновации и нудење на најсовремени дигитални услуги кои сè повеќе стануваат една од клучните предности на пазарната сила на Sberbank.

„Развојот и успешното ребрендирање на Sberbank можат да бидат пример за другите компании ширум светот, бидејќи Sberbank е насочена кон иднината и се обидува да ги исполни потребите и очекувањата на своите клиенти преку постојани иновации“, рече Дејвид Хајг, извршен директор на „Brand Finance“.

„Brand Finance“ е водечка консултантска агенција за проценка и стратегија на брендови, со канцеларии во повеќе од 20 земји. Оваа агенција објавува годишна ранг листа на највредни и најсилни брендови во светот секоја година од 2007 година па наваму.

Комплетниот извештај и методологија можете да ги видите ОВДЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП