20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот ноќен живот е пред колапс

Британскиот ноќен живот е пред колапс

Повеќе од 80 проценти од ноќните клубови во Велика Британија, нема да преживеат после февруари без итна владина интервенција, се вели во соопштението на секторската асоцијација NTIA, предупредувајќи на „истребување“ на ноќниот живот.

Здружението за ноќна индустрија (NTIA) ја цитира неодамнешната студија направена на 100 ноќни клубови, од кои 81 процент изјавиле дека нема да можат да преживеат после овој месец без владина помош.

Покрај тоа, 86 проценти од компаниите во овој сектор мораа да отпуштаат работници, од кои повеќето отпуштија голем дел од своите работници пред крајот на 2020 година.

Здружението, кое претставува компании како барови, ноќни клубови и концертни сали, вели дека компаниите се затворени од март.

Овие компании, заедно со конференциските сали и компаниите за организирање на разни настани, се едни од ретките сектори кои не беа во можност да ги отворат вратите од првото заклучување минатата пролет.

Здружението укажува на ограничена владина помош, непропорционално мала, освен за делумната невработеност што вработените во секторот може да ја добијат. Во соопштението се осудува и недостатокот на јасна визија за плановите за повторно отворање на секторот.

„Владата го игнорираше овој сектор, неговата економска и културна вредност“, рече Мајкл Кил, генерален директор на здружението. Тој рече дека не станува збор за небрежност, туку намера на владата да го уништи тој сектор и апелираше да му се даде солидна помош на тој сектор.

Покрај секторот за ноќен живот, низа други секторски здруженија стравуваат од штета на затворањето што е на сила во Англија и треба да трае до март.

Федерацијата на мали бизниси (FSB) проценува дека најмалку 250.000 мали и средни бизниси ризикуваат да банкротираат без нови владини стимулации.

Владата ги продолжи мерките за плаќање на делумни надоместоци за невработеност до април, но компаниите и синдикатите се залагаат тие да бидат продолжени и понатаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП