3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНепристојна понуда до милијардерот: Може ли една „Тесла“ за биткоини

Непристојна понуда до милијардерот: Може ли една „Тесла“ за биткоини

Тим Дрејпер, милијардер со биткоини и инвеститор кој е од постарите инвеститори во Тесла, реагираше на постапката на Илон Маск, кој неодамна додаде на својот профил на Твитер хаштаг #биткоин во неговата биографија за да им се придружи на луѓето како директорот на Твитер, Џек Дорси и основачот на Редит, Алексис Оханиан.

Дрејпер, кој поседува околу 30.000 биткоини, му се обратил на Маск, велејќи му дека би сакал да го купи електричниот автомобил Cybertrack на Тесла и да го плати со биткоини, промовирајќи ја својата компанија OpenNode, која се занимава со плаќања со биткоини.

„Би сакал да ја купам Тесла Cybertrack. Иако повеќе би сакал да си ги чувам своите #биткоини, би можеле да прифатите плаќање со #биткоин преку нашата компанија Draper VC OpenNode”, напиша тој на својот Твитер профил.

Hi @elonmusk , I would like to buy a @tesla cybertruck. Although I personally would rather keep my own #bitcoin, you can accept #bitcoin through our @drapervc company @OpenNodeCo .

— Tim Draper (@TimDraper) January 29, 2021

Зошто токму сега?

Набргу откако Илон Маск објави хаштаг #bitcoin на својот профил на Твитер, вредноста на оваа криптовалута започна да расте. Многумина веруваат дека Маск би можел да биде највредниот инвеститор во собирање биткоини во Coinbase (компанија која обезбедува услуга за купување и продажба на криптовалути).

Цената на биткоинот нагло скокна по еден збор на Илон Маск

Сепак, Маск не продолжи со промени во неговата биографија, а ситуацијата се смени преку ноќ. Иако се искачи на повеќе од 38.000 долари, биткоинот за брзо падна на 33.000 долари.

Причината зошто Дрејпер го предложи ова токму сега, најверојатно се должи на интересот на Маск за биткоин и позитивното расположение на пазарот кога станува збор за оваа криптовалута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП