И покрај очигледните негативни ефекти од ограничувањата заради коронавирусот, „Toyota“ дефинитивно доминираше во текот на изминатата година. Откако ја загуби титулата од групацијата „Volkswagen“ пред пет години, јапонскиот концерн го врати првото место меѓу најпродаваните производители во светот, a сега е на врвот и во друг пласман – најпребарувана марка на „Google“.
Во 2019-та година оваа позиција беше во сопственост на „BMW“, но германската марка пријави пад на продажбата заради пандемијата. Изданието „Compare the Markets“ ги анализира резултатите од пребарувањата во 2018-та, 2019-та и 2020-та година во вкупно 158 земји, а за 2020-та година во 55% од нив „Toyota“ е на првото место.


