4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија зголемена на 6,8 проценти

Невработеноста во Германија зголемена на 6,8 проценти

germany1

Стапката на невработеност во Германија вo јули се зголеми на 6,8 проценти поради сезонските фактори – годишните одмори, покажуваат официјалните податоци на Федералната агенција за труд.

Стапката на невработеност во јуни изнесуваше 6,6 проценти – 2,914 милиони регистрирани невработени лица.

Невработеноста во јули се зголеми за 49,000 лица во однос на претходниот месец, а за 38,000 во однос на јули 2012 година, соопшти Федералната агенција за труд.

Во летниот период, стапката на невработеност обично се зголемува поради одморите и поради фактот што студентите се пријавуваат како невработени лица.

Невработеноста во Германија е далеку пониска во споредба со другите европски земји. Шпанија и Грција, на пример, имаат стапка на невработеност повисока од 25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП