Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, јави УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
До недела ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во вторник.