2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтереумот достигна рекордна цена

Етереумот достигна рекордна цена

Втората најпопуларна криптовалута – Eтереум достигна нова рекордна вредност денес со цена од над 1676 долари (Coindesk).

Да потсетиме, Етереум (ETH) постави претходен рекорд пред точно две недели, на 20 јануари, кога ја надмина својата највисока вредност од 2018 година и достигна цена од 1.428 долари.

Пред околу три месеци, на почетокот на ноември минатата година, неговата цена беше околу 400 долари. Ова практично значи дека трговците кои тогаш „купувале“ ETH во вредност од 1.000 евра, денес имаат во џебот скоро 4.000.

Како една од причините за растот на вредноста на Етереум, експертите од оваа област наведуваат дека повеќето крипто-валути растат, предводени од најпопуларната Биткоин, така што Етереумот е едноставно е дел од овој тренд.

Според некои проценки, вредноста на Етереум може да достигне дури 2.600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП