26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Франција растурена оргија со 81 лице поради кршење на полицискиот час

Во Франција растурена оргија со 81 лице поради кршење на полицискиот час

Оргија во која учествувале најмалку 81 лице во еден магацин во Франција била растурена од полицијата минатиот петок поради кршење на полицискиот час воведен поради коронавирусот, пренесува „Њујорк пост“.

Секс-забавата во Колежиен, на 40-ина километри од Париз, вклучувала и алкохол, звучни системи и светлосни инсталации.

Полицијата реагирала на забавата во 21 часот, три часа по почетокот на полицискиот час во Франција, и првин нашла 11 лица на паркингот. Кога властите добиле дозвола легално да влезат во магацинот во 23 часот, тие ја откриле оргијата.

„Настанот беше во спротивност со полицискиот час, а беа прекршени и правилата за носење маски и за социјално дистанцирање. Учесниците на забавата соработуваа со полицијата и не даваа отпор“, изјавила полицијата.

Осумдесет и едно лице е казнето за кршење на полицискиот час, се вели во извештајот. Три лица осомничени за организирање на оргијата биле сослушани од полицијата.

Ова е најновата приказна за европски оргии што ги кршат правилата за ограничено движење во изминатите неколку недели. Во декември белгиската полиција растури оргија со 52 лица во куќа во близина на ковид-клиника.

Ова се случи веднаш откако крајнодесничарскиот унгарски европратеник Јозеф Шајер поднесе оставка по учеството во секс-забава во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП