27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1 ќе започне со две трки во Бахреин

Ф1 ќе започне со две трки во Бахреин

Сезоната во Формула 1 би можела да започне со две трки на патеката „Сахир“ во Бахреин. Трките би се возеле на 28.март и 4.април.

Причина за евентуална промена во календарот порастот на бројот на заразени, во Португалија, поради што под знак прашалник е одржувањето на трката на патеката „Портимао“.

Оваа патека, во Формула 1, дебитираше минатата сезона. Според планот, во новата сезона, третата трка треба да се вози во Португалија.

Поради тоа, челниците на Формула 1, дошле на идејата сезоната да започне со две трки во Бахреин. За втората трка би била користена периферната конфигурација на патеката „Сахир“, како што тоа беше случај во минатата сезона.

Доколку овој план биде спроведен, тогаш трката во Имола, предвидена за 18.април, ќе се вози седум дена подоцна, на 25.април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП