21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMasterCard го зголеми профитот за 21 процент

MasterCard го зголеми профитот за 21 процент

mastercard1

Американскиот „MasterCard“, вториот по големина платен систем во светот, го зголеми нето профитот во второто тромесечје од 2013 година за 21 процент на годишно ниво, на 848 милиони долари, или 6,96 долари по акција, благодарение на зголемувањето на плаќањето со кредитни или дебитни картички.

Во истиот период минатата година профитот бил 700 милиони долари, или 5,55 долари по акција, соопштија од компанијата.

Профитот ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои во анкета за „Blumberg“, прогнозирале просек на добивка од 6,29 долари по акција.

Приходот е зголемен за 15 проценти во однос на второто тромесечје од 2012 година, на 2,1 милијарда долари.

Обемот на плаќање со „MasterCard“ во целиот свет пораснало во претходниот квартал за 13 проценти во локални валути, преминувајќи еден билион долари (илјада милијарди). Бројот на трансакции извршени со картичките на овој платен систем е зголемен за 11 проценти, на 9,5 милијарди операции.

На 30 јуни 2013 година, под брендовите „MasterCard“ и „Maestro“ биле издадени 1,9 милијарди картички.

Во претходното тромесечје компанијата откупила околу 1,1 милион сопствени акции од А класата во вредност од 581 милион долари.

Акциите на „MasterCard“ од почетокот на оваа година до завршувањето на тргувањето во вторникот поскапеа на берзата во Њујорк за 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП