26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Економист" ја рангираше Северна Македонија на 78. место на Global Democracy Index...

“Економист” ја рангираше Северна Македонија на 78. место на Global Democracy Index 2020

Угледниот економски магазин “Економист”, во најновиот глобален индекс на демократија ја стави Северна Македонија на 78. место, во групата на земји со “хибриден режим”.

На листата нашата земја се наоѓа во групата со Бангладеш, Ел Салвадор, Украина, Молдавија..

Вкупната оценка во рангирањето изнесува 5.89 што претставува пад во однос на претходната година. Најниско оценети се “политичката култура” зо 3,13 поени од можни 10, и “функционирање на владата” со 5,71. Потоа следува “политичко учество” со 6,11 поени, “граѓанска слобода” со оценка 7,06 и највисоко оценета е “изборен процес и плурализам” со 7,42 поени од можни 10.

На врвот на листата е рангирана Норвешка со скор од 9,81 поени од можни 10. По неа следат Исланд, Шведска, Нов Зеланд и Канада.

Како најлошо рангирана е Северна Кореја со скор од 1,08 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП