6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе преправаат дека бараат работа за да скијаат во Австрија

Се преправаат дека бараат работа за да скијаат во Австрија

Австрија ќе ги зајакне своите контроли со цел да ги одврати странските скијачи од нивните скијачки центри, кои се отворени и покрај карантинот, а се наменети само за локалното население.

„Ќе ги зајакнеме контролите“ на границата и во ски-центрите, изјави министерот за внатрешни работи Карл Нехамер пред новинарите, се додека не се забележи значителен пад на бројот на лица заразени со коронавирус во земјата.

По Божиќ, Австрија одлучи да воведе трет карантин, па затвори училишта, продавници кои не продаваат прехранбени производи и музеи.

Сепак, за разлика од Франција и Германија, Австрија одлучи да ја пушти во употреба жичарата, проценувајќи дека рекреацијата на свеж воздух не е толку опасна за ширење на вирусот.

Поради недостаток на проверки, стотици странски туристи се собраа во австриските скијачки центри под изговор дека присуствуваат на курс за учители по скијање или да бараат работа.

Минатата недела, тиролското село Сент Антон ам Арлберг јавно го критикуваше доаѓањето на околу 200 Британци, Данци и Германци, од кои повеќето пристигнале со воз од Цирих.

Повеќето од нив ја заобиколија регулативата правејќи место за престој, соопштија општинските власти.

„Казнивме сто луѓе за пример“, во областа, рече Нехамер, додавајќи дека полицијата извршила претрес во 44 станови со станари за кои сметаат дека се сомнителни.

Австриската влада се уште е претпазлива, па иако најави олеснување на мерките за следната недела, хотелите и рестораните ќе останат затворени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП