19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто работниците масовно го напуштаат Google...

Зошто работниците масовно го напуштаат Google…

googleworkers1

Зошто работниците масовно го напуштаат Google… кога оваа компанија повеќе пати се прогласувала за едно од најпривлечните места за вработување? Описот на ентериерот и комфорот кои ги нуди американската или европската канцеларија на овој ИТ гигант веќе преминаа во урбана легенда, но изгледа дека тоа не е доволно.

Најдобри бесплатни оброци, најдобра понуда за здравствено осигурување (во САД, секако), високи плати, градинки и теретани во склоп на работното место, слобода за петтина од работното време да се потроши на сопствени проекти, очигледно не се доволни предности за задржување на работниците во „Google“.

Работниците на оваа компанија се среќни – дури 84 проценти од вработените се задоволни со своето работно место. А да не зборуваме дека американскиот магазин „Fortune“ од 2007 година па наваму го прогласува „Google“ за најдобар работодавач на годината. Тогаш зошто работниците не и се лојални на оваа компанија?

Во едно од најновите истражувања на консултантската фирма „PayScale“ за заминувањата на работниците од американската компанија, се вели дека „Google“ е меѓу водечките, а просечниот период за вработување на нејзините работници изнесува само една година.

Раководителите на ИТ гигантот сеуште не ги коментирале овие анализи. Аналитичарката на „PayScale“ Кејти Бардаро вели дека ваквиот резултат многу говори за генерацијата „Y“ и нејзините особини: покрај тоа што се целна група за местата на ИТ инженери и многу барани на пазарите, припадниците на оваа генерација, личностите помлади од 30 години, немаат полно работно искуство, подготвени се лесно да го променат работното место доколку моменталното работно опкружување им е здодевно или ако се најдат пред подобра деловна понуда.

Од друга страна, за многу нискиот просек на задржување во компанијата допринесува и големиот број на нови работници во последните шест години. Од 2007 година па наваму, „Google“ вработи речиси 20.000 нови работници.

Оваа компанија е позната и по трик прашањата на разговорите за работа, како што се: „Колку голф топчиња може да собере во еден училишен автобус?“. Интересно е и тоа дека компаниите кои претставуваат пионери на ИТ индустријата, како што се „Microsoft“ или „Intel“ вработуваат постари работници, а тие работници многу повеќе се задржуваат во овие компании отколку вработените во „Google“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП