24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија „патентира“ туристички ХИТ: „Аранжмани за вакцинација“

Русија „патентира“ туристички ХИТ: „Аранжмани за вакцинација“

Туристичката индустрија во Русија подготвува нов проект „аранжмани за вакцинација“, а интерес за овој вид на медицински туризам веќе постојат во Азија и Латинска Америка.

Развојот на програмата за специјални чартер летови за групи од 100 и повеќе лица за весникот „Известија“ го потврди руската туристичка агенција „Интурист“, а заинтересирани се и други играчи на пазарот.

Според една туристичка агенција, постои голема побарувачка за ваква услуга во регионите на Југоисточна Азија и Латинска Америка.

Сепак, треба да се решат многу правни прашања за да се започне проектот. На пример, визи за Русија сè уште не се издаваат.

Дијалогот со властите е веќе започнат, велат извори на пазарот. Виролозите сметаат дека патувањето за „вакцини“ е добра идеја бидејќи на тој начин Русија може да стане светски центар за медицински туризам.

Вакцинацијата на населението започна во повеќе од 50 земји низ светот, но сепак има многу места каде што нема вакцина против Ковид-19 и не е познато кога ќе ја добијат.

Странските партнери имаат многу прашања во врска со организацијата на патувањето во Русија за вакцинација, велат од „Интурист“.

Тие не го наведоа бројот на барања, но посочија дека најголем интерес покажува населението од Југоисточна и Јужна Азија, како и од Латинска Америка. Имало барања и од Европа, но многу помалку од останатите.

Од етички причини, компанијата одлучи да не зборува за кои земји станува збор.

Фактот што нема вакцина е главната причина зошто жителите на одредена земја сакаат да летаат во Русија за вакцинирање, посочи Интурист. Но, има и други причини – во нивната татковина нема избор меѓу вакцините против Ковид-19, додаваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП