Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

