26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропјаните заштедиле повеќе во третиот квартал од 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Европјаните заштедиле повеќе во третиот квартал од 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Домаќинствата во Европската унија (ЕУ) продолжија повеќе да заштедуваат во третиот квартал од 2020-та година во услови на смалување на потрошувачките трошоци поради коронавирусот, според податоците на европскиот завод за статистика „Евростат“.

Нивото на заштеда во ЕУ било за 4,5 процентни поени повисоко во јули-септември во споредба со истиот период од минатата година, покажуваат податоците.

Во исто време, трошоците на домаќинствата биле пониски за 3,6%.

Расположливиот доход на домаќинствата се опоравува за периодот, што се зголемува за 1,5% во споредба со третиот квартал од 2019-та година.

Најголем годишен раст на заштедите на домаќинствата во ЕУ во третиот квартал од минатата година е забележан во Холандија – 7,9% и Данска – 7,7%, а најнизок во Португалија (нешто помалку од 2%) и Франција (нешто повеќе од 2 %).

Приходите во Шпанија продолжиле да опаѓаат и во третиот квартал за 2%, а трошоците на домаќинствата опаѓаат за скоро 9 проценти.

Шпанија е на првото место во ЕУ и во однос на потрошувачката кој опадна во третиот квартал за 8,5%, следена од Италија со 7,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП