25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ размислува за ривал на „Audi A6 Allroad“

„BMW“ размислува за ривал на „Audi A6 Allroad“

„BMW“ може да го следи примерот на „Mercedes-Benz“ и да се вклучи во битката за клиенти во теренски каравани, каде што со години владее „Audi A6“ во странство, според „Motor1“.

Германските брендови се многу добри во создавање сегменет на модели кои носат добри приходи. Томку таква е понудата кај теренските каравани, бидејќи „Audi“ нема сериозен конкурент барем меѓу своите сонародници и успешно го продава „A6 Allroad“ повеќе од две децении. Во 2016-та година, „Mercedes“ исто така се приклучи на сегментот со „E-Class All-Terrain“.

„BMW“ се воздржуваше да не прави ваков автомобил сите овие години, но според последните информации, Баварците може да се предомислат. Друго издание, „Kolesa“ оди уште подалеку со презентирање на својата визија за тоа како треба да изгледа едно теренски возило што може да користи караван во „Series 5“ во верзијата „530d“.

Како моделите „Audi“ и „Mercedes“, и баварскиот автомобил ќе добие зголемено растојание од земја и дополнителни елементи за заштита на каросеријата. Се претпоставува дека теренскиот караван ќе има воздушна суспензија, со што ќе може да се прилагоди растојанието од земјата. И крајниот резултат ќе биде автомобил за оние кои сè уште не се препуштиле на модата на „SUV“ моделите.

Во исто време, гамата на теренски каравани од германските производители се очекува да се зголеми во пониската класа, каде што „Mercedes“ ќе понуди конкурент на „Audi A4 Alrroad“. Тој ќе се гради врз основа на новата „C-Class“, која ќе се појави следната година. „BMW“ може да учествува во трката и со теренски каравани од „Series 3“, но за Баварците засега далеку поважен е првиот во историјата на брендот „M3 Touring“, кој исто така ќе биде објавен во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП