25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБезос се повлекува од функцијата извршен директор на Амазон

Безос се повлекува од функцијата извршен директор на Амазон

Џеф Безос ја напушта функцијата главен извршен директор на Амазон, а на таа позиција ќе биде заменет со извршниот директор на АВС, Енди Џеси, кој ќе ја преземе функцијата во третиот квартал од оваа година, соопшти денеска американската компанија за онлајн трговија.

Безос ќе се пресели на позицијата извршен претседател на бордот на директори на Амазон, пренесува CNBC.

Безос ја основаше Амазон во 1994 година и оттогаш ја претвори од е-книжарница во мега продавница за онлајн малопродажба која продава и доставува секакви производи ширум светот.

Во јануари минатата година, Амазон ја надмина пазарната вредност од илјада милијарда долари под водство на Безос. Сега вреди повеќе од 1,6 трилиони долари.

Џеси се приклучил на Амазон во 1997 година, каде што го водел тимот на веб-услуги на Амазон во облак уште од неговото основање.

„Возбуден сум што објавувам дека ќе се преселам на позицијата извршен претседател на Одборот на Амазон во третиот квартал и дека Енди Џеси ќе стане генерален директор“, рече Безос во писмото до вработените.

Тој додаде дека како извршен претседател има намера целата своја енергија и внимание да ги насочи кон нови производи и иницијативи и рече дека Џеси „ќе биде извонреден лидер“ кој ја ужива неговата целосна доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП