28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на „Фајзер“ уверен: „Новиот коронавирус нема да исчезне, но може да...

Директорот на „Фајзер“ уверен: „Новиот коронавирус нема да исчезне, но може да стане како грипот“

Ако не се вакцинирате, станувате најслабата алка која ќе овозможи размножување на вирусот. Затоа, ве молам, размислете двапати пред да донесете таква одлука и не дозволувајте стравот да ве погоди, рече Бурла.

Директорот на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла, е убеден дека светот нема толку лесно да се ослободи од новиот коронавирус, туку и во иднина ќе остане присутен кај популацијата. Она на што треба да внимаваме се новите варијанти на вирусот кои постојано се појавуваат.

Не треба да се плашиме, но треба да бидеме подготвени. Затоа, во моментов се фокусираме на создавање добра мрежа за надзор, така што секогаш кога ќе се појави нова варијанта, ќе можеме да тестираме, барем во лабораторија, дали вакцината е ефикасна или не, рече Бурла во интервју за Блумберг.

Тој додаде дека разговарале што да прават ако се појави варијанта за која вакцината не е ефикасна и дошле до заклучок дека треба да развијат процес кој ќе овозможи брзо создавање на ефективна вакцина. Токму овој процес го спроведуваат во моментов во нивните оддели за истражување и фабрики.

Се чини дека имаме алатки за да го претвориме КОВИД-19 во еден вид грип. Ова значи дека оваа болест не треба да ги запре нашите животи и економијата. Треба само добро да ги следиме новите варијанти и да бидеме упорни во вакцинирањето на луѓето, истакна Бурла, додавајќи дека е исклучително важно да се прими втора доза на вакцина на време. Бидејќи ако втората доза се прескокне или се даде предоцна, тие не можат да гарантираат дека ќе биде ефективна.

На прашањето за затегнатите односи со ЕУ во врска со најавата за намалување на испораките на вакцини, Бурла им рече на лидерите „да се смират“ и „секој треба да си ја заврши својата работа“.

Тој исто така откри дека работат на нова форма на вакцина, која полесно ќе се чува, бидејќи би се транспортирала во форма на прашок. Имено, во моментов вакцината Фајзер мора да се чува на -70 степени Целзиусови и да се користи за релативно кратко време по одмрзнувањето. Верзијата во прав може да издржи повисоки температури, што би ја направило погодна за употреба во области каде што нема потребна инфраструктура за ладење.

За сите оние кои се противат на вакцинацијата или сеуште се сомневаат во ефикасноста на вакцината има посебна порака.

“Она што би сакал да им го кажам на луѓето кои се плашат да се вакцинираат е дека треба да разберат дека одлуката за вакцинирање нема да влијае само на нивните, туку и на животите на другите. Тие, најверојатно, ќе влијаат на животот на луѓето за кои се грижат, луѓето со кои се дружат. Ако не се вакцинирате, станувате најслабата алка која ќе овозможи размножување на вирусот. Затоа, ве молам, размислете двапати пред да донесете таква одлука и не дозволувајте стравот да ве погоди”, рече Бурла на крајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП