28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на пиво во Германија најниска од 1993-та

Продажбата на пиво во Германија најниска од 1993-та

Продажбата на пиво во Германија падна на најниско ниво во 2020-та година, откако заводот за статистика започна да објавува извештаи во 1993-та година, бидејќи угостителите беа затворени со месеци, а луѓето не сакаа да излегуваат и да се дружат за време на пандемијата на коронавирусот.

Пиварите продадоа околу 8,7 милијарди хектолитри пиво во минатата година, што е за 5,5% повеќе од претходната година, објави „Дестатис“.

Бројката не вклучува безалкохолно пиво, слад пијалоци или пиво увезено од земји надвор од Европската унија.

Германската љубов кон пивото трае со години, но 2020-та година беше особено тешка за пиварите бидејќи пандемијата ги лиши од бројни фестивали и настани придружени со голема потрошувачка на пиво, вклучувајќи го и познатиот минхенски Октоберфест.

Баровите и рестораните исто така беа принудени да ги затворат вратите, во пролетта, а потоа и во ноември.

Во летото, побарувачката се обнови накратко, покажуваат податоците на „Дестатис“, бидејќи ограничувањата беа олеснети. Така, во август и септември продажбата се зголеми за два и 2,3 проценти, на годишно ниво.

Цитирајќи ги податоците за акцизите, „Дестатис“ наведува дека 82,6 проценти од продаденото пиво се консумирало само во Германија.

Домашната продажба падна за 5,5 проценти, а продажбата во другите земји на Европската унија за 13,1 проценти, се вели во извештајот на заводот за статистика.

Продажбата во трети земји порасна за 3,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП