Вредноста на среброто утрово достигна максимум од последните пет месеци, скокнаа акциите на рудниците за сребро, а веб-страниците што го продаваат овој благороден метал беа заглавени додека малите инвеститори избезумено инвестираа во сребро, што е последниот фокус на лудило што ги турна финансиските пазари на работ.
По бумот што го предизвикаа со акциите на „GameStop“ кога ја подигнаа вредноста на акциите на компанијата против која се обложуваа волците од Волстит, се чини дека тимот од форумот „Reddit“ се фокусираше на пазарот на благородни метали.

