26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикански научници: Мајките кои имале Ковид-19 во бременоста им пренесуваат антитела на...

Американски научници: Мајките кои имале Ковид-19 во бременоста им пренесуваат антитела на бебињата

Бремените жени кои имаат Ковид-19 им пренесуваат антитела против оваа инфекција на своите деца, откриле истражувачи од Универзитетот во Пенсилванија. Студијата е објавена во списанието ЈАМА педијатрија.

Заштитата на новороденчињата од инфекција првенствено зависи од антителата кои се пренесуваат од мајка на бебе преку плацентата. Ова исто така важи и за заштита од САРС-КоВ-2, сепак, деталите за пренос на антитела во овој случај сè уште не се целосно разјаснети, пишува Газета.ру

Истражувачите откриле дека колку порано идната мајка се зарази со коронавирусот, во првите месеци од бременоста, толку е поголема концентрацијата на антитела во крвта на папочната врвца.

„Нашите резултати се во согласност со она што може да се очекува од студиите на други вируси“, рече професорот Скот Хенсли, еден од авторите на студијата.

Истражувачите следеле 1.714 жени кои родиле помеѓу април и август 2020 година. 83 од нив имале Ковид-19, а кај 72 бебиња научниците откриле антитела во крвта на папочната врвца, без оглед дали мајката имала симптоми на инфекција или не. Кај околу половина од децата, нивото на антитела било исто или поголемо отколку кај мајката, а во една четвртина од случаите било од 1,5 до двапати повисоко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП