24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворено е аплицирањето за талент програмата за ИТ операции и поддршка на...

Отворено е аплицирањето за талент програмата за ИТ операции и поддршка на Сеавус

Софтверската компанија Сеавус, веќе петта година по ред организира талент програма за оние кои сакаат да започнат кариера како инженери за ИТ операции и поддршка.

Кандидатите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со оперативните процеси и да стекнат почетничко знаење во неколку области, како што се: основи на ИТ операции и поддршка според ИТИЛ стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во “клауд компјутинг,” администрирање и одржување на MS SQL или Oracle серверите, Shell и Powershell скриптирање и вовед во ИТ безбедност.

Талент програмата е со времетраење од пет недели, почнувајќи од месец март, три пати во неделата, односно осумчасовна интерактивна и практична програма водена од нашите ИТ експерти.

По завршувањето на талент програмата, најдобрите ќе имаат можност за вработување во Сеавус во дивизијата Managed Services, која веќе втора година по ред е вброена во листата на топ 100 Managed Services провајдери во светот.

“Во изминатите пет години, Сеавус има вработено триесет и два инженери кои имаат изградено успешна кариера. Искуството да се работи како дел од тимовите на нашата дивизија е навистина голем предизвик за сите инженери кои тукушто дипломирале или се во завршна година од своите студии. Вообичаено, интересот за талент програмата е голем, и добиваме меѓу 30-50 апликации. После процесот на селекција, 12-15 кандидати се вклучуваат во програмата”, изјави Глигор Добривојевски, technology line менаџер, во дивизијата Managed Services.

Аплицирањето е во тек, и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк:

IT Operations and Support – Talent Program (seavus.com)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП