20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикански и македонски врвни експерти се вмрежуваат за развој на бизнисите од...

Американски и македонски врвни експерти се вмрежуваат за развој на бизнисите од Македонија

Како до стартапи кои вредат милијарда долари? Едукативниот проект Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies овозможува вмрежување и размена на идеи и планови за развој на бизнисите на студенти, професори, инвеститори, менаџери и експерти од Македонија и САД.

Од 12 до 28 јануари, професорот Мајкл Голдберг од Кејс Вестерн Ризрв Јуниверзити од Охајо, САД, во соработка со Американската Амбасада во Македонија и здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија го организираше светскиот курс за претприемништво Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. (Развој на претприемништвото во транзициски економии; надвор од Силиконската долина)

Овој масивен онлајн курс привлече повеќе од 175 000 студенти од 190 различни земји во последните 5 години.

Во Македонија, овозможи поврзување и размена на идеи за креирање на стартапи помеѓу експерти од државните институции кои го поддржуваат бизнисот, филантропските и донаторски организации, посредничките организации од граѓанскиот сектор, универзитетите, финансиерите и инвеститорите во бизнис идеи и проекти.

Гостите ескперти од Македонија, (Јован Сталевски, Нина Николиќ, Коста Петров, Марија Димовска, Гого Рафајловски, Никица Кусиникова, Пеце Ангелковски, Весна Иваноска, Ристе Темјаноски, Игор Маџов и Ели Жабевска) го споделија своето знаење со идните и постоечките претприемачи – за тоа каде каков тип на поддршка им стои на располагање. Вклучени и споменати институции беа следниве: Фонд за Иновации, министерства, АВРСМ, АППСМ, УНДП, ЦЕФЕ Македонија, Стартап Македонија, Клубови на бизнис ангели, акселератори, ЕУ фондови, донаторски оранизации како УСАИД, традиционални заеми, венчр капитал заеми, Технолошки Парк Тетово.

Македонските колеги и претприемачи исто така имаа можност да стекнат искуства и знаење од експертите од САД за тоа како да се да се задржат младите таленти во државата, кои политики на државата креираат вредност за да ги поттикнат малдите да креираат во државата, во кои сектори инвстираат и начинот на инвестирање, искуства од креирање стартапи кои се продале за повеќе од милијарда долари, како и за мерењето на резултатите и креирање на долгорочни политики за поддршка на претприемачите во економии кои се менуваат. Вклучени експерти од САД беа: Мајкл Голдберг, Сузан Хили, – CWRU Veale Institut for Entrepreneurship, Лиза Делп, поранешен извршен директор на Ohio Third Frontier, Мери Мекхенри, директор на програмата во Фондацијата Бартон Д. Морган,Хејли Бурк, сениор менаџер за напредок во JumpStart Inc., Алексис Комселис, од Alba Graduate Business School, Јозеф Скарантино, сениор програмски менаџер во Techstars Денвер, Лин Ајлуни, соработник за инвестиции во North Coast Ventures, Луис Руано Марон (директор во RICARI)).

Сите заинтересирани на темата за поддршка на развојот на претприемништвото имаа можност да се вклучат во овој онлајн курс бидејќи дискусиите се водеа онлајн преку платформата ЗУМ и можеа да се следат исто така во живо преку преку онлајн стримот на Фејсбук страната на CWRU Veale Institute for Entrepreneurship и ЦЕФЕ Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП