25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХИТ ракавиците на Берни Сандерс одат во сериско производство

ХИТ ракавиците на Берни Сандерс одат во сериско производство

Наставничката од Вермонт, чии рачно изработени ракавици станаа познати откако сенаторот Берни Сандерс ги облече на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден, пронајде производител кој ќе произведува илјадници нејзини ракавици.

„Имам неверојатни вести! Јас се здружувам со Vermont Teddy Bear за да направам како на Берни ракавиците за СИТЕ !!“, твитна Jенифер Елис и додаде дека дел од приходите ќе бидат наменети за добротворната организација „Make a Wish Vermont“.

„Знаев дека мора да постои начин да ви ги овозможам – и го најдов!!“, напиша наставничката.

Наставничката (42) на Сандерс му испрати пар свои ракавици изработени од стари волнени џемпери обложени со руно од рециклирани пластични шишиња, како утешен подарок откако изгуби на претседателските избори во 2016 година од Хилари Клинтон.

Следната година кога Сандерс повторно се кандидираше, Елис дозна дека носел ракавици и дека луѓето ги нарекувале неговите ракавици за во рерна, но тој ги позајми на некого.

Елис вели дека била толку трогната што му испратила на Сандерс уште 10 пара.

Рачно изработени, рециклирани ракавици во кафеава и беж боја станаа хит по објавувањето на фотографијата на Сандерс од инаугурацијата на 20 јануари. Тој седеше сам во преклопен стол и се чинеше дека не е импресиониран од атмосферата.

Фотографијата на фотографот од АФП, Брендан Смиаловски стана првото вирално меме од ерата на Бајден, па Сандерс се појавуваше на сè, од сцените во „Војна на Sвездите“ до „Последната вечера“ од Леонардо да Винчи.

„Многу, многу побараа да купат пар од овие одлични ракавици. За жал, јас не ги правам повеќе. Но, сакам да се осигурам дека ќе добиете еден пар“, рече Елис во видеото на Vermont Teddy Bear, објавено на нивната веб-страница.

„Секој што ги сака овие ракавици ќе ги добие“, воодушевено рече наставничката.

Елис за AFP изјави дека три дена по инаугурацијата, добила околу 13.000 електронски пораки од луѓе кои сакаат да купат такви ракавици. „Не само еден пар – луѓето сакаат многу од нив“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП