27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСубрата Рој утре повторно доаѓа во Македонија

Субрата Рој утре повторно доаѓа во Македонија

image2png

Во дводневна посета на Охрид утре треба да допатува индискиот бизнисмен Субрата Рој, на средби со македонското раководство во врска со неговите намери да инвестира во туристички комплекс на Охридското Езеро, како и за изградба на објектот во спомен на Мајка Тереза во Скопје.

Милијардерот Рој на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е предвидено да го пречека министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, кој ќе го придружува гостинот за време на посетата на Охрид и Скопје.

Се очекува Рој да ја посети локацијата каде е предвидена изградбата на туристичкиот комплекс, како и да оствари разговори со претставници на Владата во врска со евентуалните можности за други економски инвестиции, меѓу кои и во областа на земјоделството.

Предвидено е два дена да престојува во Охрид, а посетата на Македонија да ја заврши со престој на Скопје в петок.

Компанијата „Сахара Индија Паривар“, чиј сопственик е милијардерот Субрата Рој, достави предлог за изградба на суперлуксузен туристички комплекс  „Сахаријан Македонија“, иницијално замислен да биде лоциран кај автокампот „Љубаништа“ на површина од 240 хектари. Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени. Проектот го изработи светски познатата проектанстка куќа  „Аткинс“ од Лондон, според најавите со највисоки еколошки стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП