25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот нагло скокна по само еден збор на Илон Маск

Цената на биткоинот нагло скокна по само еден збор на Илон Маск

Вредноста на биткоинот вчера порасна за дури 20 проценти откако Илон Маск додаде хаштаг #bitcoin на својот профил на Твитер.

Виртуелната валута започна силно да расте околу 8 и 30 часот по средноевропско време, а за само еден час, нејзината вредност се зголеми за 5000 УСД на 37 299 УСД, покажаа податоците на порталот CoinDesk.

Дигиталната валута продолжи да расте, достигнувајќи околу 37.653 долари во 13 часот.

И покрај вчерашниот скок на вредноста, биткоинот е сè уште под своето рекордно ниво од 41 940 долари забележано на почетокот на јануари, додека од почетокот на годинава е зајакнат за околу 25 проценти.

Ставањето хаштаг за биткоин на Маск на неговиот профил на Твитер следеше по силните шпекулации дали директорот на Тесла ќе купи биткоини или ќе ја воведе оваа криптовалута во билансот на состојба на компанијата која произведува електрични автомобили

Американскиот милијардер го тагна биткоиноt по размената на пораки на Твитер со Мајкл Сејлор, извршниот директор на софтверската компанија „Micro Strategies“, минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП