Се пушти во употреба нов ски лифт – шестосед на Попова Шапка кој ќе им биде на располагање на сите кои ги сакаат зимските снежни активности.
„Денеска имаме прилика заедно со директорот на Елем турс Адем Авзиу и благодарение на поранешниот директор да присуствуваме на ставање на употреба на шестоседот кој ќе им биде од корист на туристите и нашите граѓани. Ние сме убедени дека токму вакви инвестиции ќе привлекуваме туристи, не само од регионот туку и од други држави“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

