29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКРАЛИЦАТА ВРАБОТУВА: Дали би работеле за неа за оваа плата?

КРАЛИЦАТА ВРАБОТУВА: Дали би работеле за неа за оваа плата?

Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти (околу 30.500 евра) годишно, како и дополнителни бенефиции.

Во огласот за вработување објавен од Кралското семејство се наведува дека кандидатот што ќе ја добие работата ќе управува со барањата на Бекингемската палата, како и дека ќе мора да креира соопштенија и да прави видеа, така што целиот персонал да биде во тек со најновите случувања во кралската резиденција.

Кога станува збор за професионалните барања, кандидатите треба да имаат завршено високо образование, да бидат дигитално писмени, креативни, да имаат око за детали и да бидат одлични во пишувањето текстови.

Сепак, не е јасно дали среќниот кандидат ќе живее во Бекингемската палата или ќе работи од дома, иако сигурно ќе биде обврзан да ја посетува зградата по завршувањето на кризата со коронавирусите.

„Ниту еднаш два дена нема да бидат исти, додека ги поддржувате останатите, ќе имате исклучителни можности да ја развивате сопствената кариера. Ќe бидете охрабрени да оставите впечаток во срцето на оваа позната институција“, стои во соопштението на Бекингемската палата.

Конкурсот за оваа работна позиција трае до 7-ми февруари оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП