18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската економија ја забележа најлошата година од Втората светска војна

Американската економија ја забележа најлошата година од Втората светска војна

Американската економија ја доживеа својата најостра контракција во 2020-та година од Втората светска војна, откако пандемијата на Ковид-19 најсилно го погоди секторот услуги и остави многу американци без работа.

Податоците за БДП-то од министерството за трговија за четвртиот квартал покажаа дека заздравувањето од пандемијата губи интензитет, објави „Reuters“.

Федералните резерви на САД вчера ги оставија каматните стапки непроменети близу нула и ветија дека ќе продолжат да “уфрлаат” пари во економијата со купување обврзници.

Претседателот Џо Бајден претстави план за закрепнување вреден 1,9 трилиони долари и би можеле да ги користат податоците за БДП-то за да извршат притисок врз некои пратеници кои се спротивставија на вредноста на планот за стимулирање.

Економијата на САД се намали за 3,5% во 2020-та година, што е нејзин најлош учинок од 1946-та година. Овој пад се случи по порастот од 2,2% во 2019-та година и беше прв од Големата рецесија 2007-09 година. Американската економија влезе во рецесија минатиот февруари.

Во четвртиот квартал од минатата година, американскиот БДП се зголеми за 4,0% на годишно ниво, откако вирусот и недостатокот на нов пакет помош ја ограничи потрошувачката и делумно ги засени добрите перформанси на секторите за производство и недвижнини.

Големото повлекување по рекордниот раст од 33,4% во третиот квартал го остави БДП-то на САД далеку под неговото ниво на крајот на 2019-та година. Бидејќи вирусот сè уште не е под контрола, економистите очекуваат растот да забави дополнително во првиот квартал од 2021-ва година пред да се поврати моментумот до летото со повеќе стимулации и повеќе вакцинирани Американци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП